ДОСТАВУВАМЕ БЕСПЛАТНО ЗА СМЕТКА НАД 500 ДЕНАРИ

КАКО ФУНКЦИОНИРА MARKETBT.MK


Како функционира Marketbt.mk?

Marketbt.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 2.000 намирници достапни за достава истиот ден. Сервисот е едноставен за користење – процесот за купување и достава на нарачките е објаснет подолу:

Направи избор на производи

Направете избор на саканите производи со додавање во кошничката. Количината може да ја одредите пред да притиснете ДОДАЈ или дополнително во самата кошничка. Производите може да ги најдете користејќи го пребарувачот во горното мени или со листање низ категориите.

Избери термин за достава

По изборот на производи, преминувате КОН ПЛАЌАЊЕ каде ги внесувате вашите податоци или се најавувате доколку претходно ги имате внесено. На истата страна во НАЧИН НА ИСПОРАКА кај полето за коментар задолжително напишете термин кога сакате производите да бидат на вашата адреса за достава и со притискање на ПЛАТИ преминувате кон внесување на податоците од вашата платежна картичка.

Примена нарачка

По извршената наплата, нарачката е примена и се подготвува за доставување. Ќе добиете известување на емаил за статусот на вашата нарачка.

Доставуваме до вашиот дом

Подготвената нарачка ќе биде доставена во одбраниот термин на наведената адреса.
Намирниците ќе бидат свежи, спакувани и соодветно оладени.