ДОСТАВУВАМЕ БЕСПЛАТНО ЗА СМЕТКА НАД 500 ДЕНАРИ

Најчесто поставувани прашања?

Која е минималната нарачка за да добијам бесплатна достава ?

Бесплатна достава добивате на сите нарачки во износ од 500 ден. или повеќе. Доколку нарачката е помала од 500 ден. наплатуваме фиксен надомест за достава во износ од 70 ден.

Кога нарачката може да ми биде доставена?

Доставуваме секој  работен ден во периодот од 08:00 до 20:00. Недела и државни празници не доставуваме. Терминот кога да ви биде доставено го бирате вие , оставајки коментар при процесот на наплата кога да ви доставиме, Најрано нарачката можеме да ја доставиме за 90 минути одкако ке ја направите.

Дали доставувате во мојот град или село?

Доставуваме на целата територија на Град Битола и поблиските села.


Како да закажам термин за достава?

При нарачката можете да ни доставите преку КОМЕНТАР, термин за кој сте сигурни дека вие или некој друг ќе биде присутен за да ја прими нарачката. Коментарот се остава во делот за наплата на нарачката, Исто така одкако ке ја направите нарачката можете веднаш телефонски (078-285-145) или преку емаил (info@marketbt.mk) да се консултирате за времето кога нарачката може да ви биде доставена. Напоменуваме дека нарачката одкако ке ја добиеме во систем,  можеме најрано за 90 минути да ја доставиме до вашиот до вашиот дом или компанија.

Непосредно пред извршувањето на доставата ќе добиете ПОВИК од нашите доставувачи  во предвиденото време за достава. 

Доколку и тогаш не сте во можност да ја примите нарачката се договарате со нашиот доставувач за нареден термин за достава.

Како да знам дека успешно сум купил/a?

По успешната трансакција автоматски веднаш се испраќа потврда на Вашиот e-mail. По купувањето ќе бидете пренасочени на екран каде ви пишува дека трансакцијата е успешна, ако истата била процесирана успешно. Потврдата за нарачката се наоѓа на Моја сметка во делот нарачки. Исто така ќе добиете e-mail известување со информациите за нарачката која сте ја купиле, но бидејќи маилот може да стигне во СПАМ фолдерот посигурниот начин е Моја сметка

Што е Профил и како да дојдам до него?

Профилот е место во кој имате евиденција за вашите нарачки. По успешно логирање на страната (внесување на Вашето корисничко име и лозинка) влегувате во Моја сметка

Ги внесов сите податоци за купување и ништо не се случи, дали ќе ми биде наплатено од мојата платежна картичка?

Доколку Вашата трансакција не била успешна нема да ви биде наплатено ништо.
Доколку сте сигурни дека трансакцијата била успешна, а потврдата за нарачката не може да ја најдете Ве молиме контактирајте не на info@marketbt.mk.

Со кои картички можам да купувам?

Можете да купувате со било која картичка од било која банка, Visa, MasterCard, Discover, American Express. Со МАЕСТРО картичка издадена од домашна банка ќе можете да купувате во зависност од тоа дали банката ја одобрила нејзината Маестро Картичка. Поради отсуството на CVC//CVV безбедносниот код кој се наоѓа на задната страна на картичката, не сите домашни банки ги имаат одобрено.

Пробувам да купам нарачка, но ми се појавува порака “Плаќањето не е успешнo”, што понатаму?

Проверете дали картичката со која го вршите купувањето е важечка платежна картичка.
Проверете дали имате доволно средства на платежната картичка, со цел купувањето да може да се изврши.
Проверете дали сте ги пополниле сите празни полиња при пополнување на податоците за плаќање.

Доколку сè наведено сте провериле и понатаму не можете да ја реализирате вашата нарачка, проблемот е веројатно од техничка природа од страна на банката , па затоа ве замолуваме да не известите на info@marketbt.mk со цел да го решиме проблемот.

Кои податоци за мојата платежна картичка треба да ги дадам?

Потребно е да ги пополните сите празни полиња во прозорецот за плаќање: бројот на картичката (притоа не оставајќи празни места меѓу цифрите), датумот до кога е важечка, контролниот број (CVC/CVV кодот од задната страна на картичката составен од три цифри), име на имателот на платежната картичка и типот на платежната картичка, доколку побара системот.